Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

Нудиме различни физикални дисциплини

Горди сме на нашиот широк спектар на сеопфатни услуги за да ги задоволиме потребите на нашите клиенти. Нашиот тим од професионаци е специјализиран да обезбеди индивидуална рехабилитациска програма и третман.

Сите услуги

За нас

 

Центарот за физикална и кинезитерапија „Ласер Мед“ датира од 2006 год. и во текот на сите овие години се грижи за Вас и Вашето здравје. Во нашиот центар вршиме широка палета на услуги од областа на медицинска рехабилитација и е место каде што ќе се чувствувате смирени знаејќи дека без разлика колку и да е сериозен Вашиот проблем, целиот наш тим ќе прави сè за да Ви помогне.
Со нашето знаење се грижиме и го одржуваме Вашето здравје, држењето на телото и сите фактори кои го нарушуваат Вашиот локомоторен и нервен систем и Ви обезбедуваме најсоодветна терапија и совет. Сметаме дека секој проблем е посебен, затоа пристапуваме со индивидуален план за физикален третман, програма за вежбање, како и совети како да ја одобрите ергономијата на секојдневневното живеење. Тука сме да Ве опуштиме со масажа, да го ослободиме стресот и да го релаксираме Вашето тело.
Нашиот тим секогаш е насмеан и позитивен, сè со цел да Ви обезбеди пријатна атмосфера и удобност во текот на третманот, користејќи ги најновите технологии за лекување за Ваше брзо и лесно обезболување и враќање на функцијата. Нашите физиотерапевти се високо образовани професионалци и тежнеат кон надградба на своето знаење преку семинари, меѓународни конгреси и курсеви за континуирана едукација.
Наша мисија е да им го подобриме квалитетот на животот на луѓето и да им овозможиме да го живеат животот без болка и во потполна физичка активност.
Се стремиме секогаш да го пратиме развојот на новата технологија и да ја обезбедиме најсовремената опрема во нашиот центар за нашите пациенти, како и сите сертифицирани техники и методи во областа на медицинската рехабилитацијата.

 

Поставете прашање

    Наши предности

    Индивидуален третман
    Целосно индивидуализиран пристап
    Комфорт
    Удобен центар за здравје, терапија и фитнес
    Лиценцирани терапевти
    Третман од исклучиво лиценцирани терапевти
    Мрежа на практичари
    Тесна соработка со Вашите лекари
    Искусен персонал
    Нашите терапевти се обучени и сертифицирани
    Цели на терапијата
    Поставувањето цели е најдобриот начин за успех

    Нашиот тим

    Д-р сци Снежана Лазаревска

    Кинезиолог - Физиотерапевт

    Мојот професионален пат започна по завршувањето на студиите на Белградскиот Универзитет и продолжи низ стручна надоградба, до стекнување на академската титула Доктор на науки по Кинезиологија. Континуираната едукација не прекина ниту по две и пол децениска практика, бидејќи основен постулат на мојата професионална ориентираност е континуирано усовршување, истражување и имплементација на најсовремени иновативни рехабилитациони методи и техники, се со цел брзо и успешно враќање на функционалноста на нашите клиенти.

    Олгица Стојковски

    Дипломиран Физиотерапевт

    Во Ласер Мед работам од 2006 година, непосредно по дипломирањето на Медицинскиот колеџ во Софија. Работата ми претставува предизвик кој ме води кон нови искуства и амбиции за надградба во професијата во интерес на здравјето на клиентите.

    Агрипина Цакоска

    Дипломиран Физиотерапевт

    Да се работи една од најблагородните професии - Физиотерапевт претставува вистински предизвик, а во исто време огромна сатисфакција, забележувајќи ги сите позитивни резултати кај нашите пациенти. Нивните резултати се инспирација за професионално надоградување и максимална посветеност во работата.

    Ви стоиме на располагање, без разлика дали Вашата состојба е предизвикана од спортска, работна или на друга несреќа.

    Вести и истражувања

    Дознајте ги најновите вести поврзани со нашиот Центар за физикална и кинезитерапија.

    Прочитај повеќе

    Рекоа за нас